Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Тетово младите одлучија да ги исчистат парковите, кои другите ги уништуваат

/

пред 2163 дена

Сподели преку :

Додека едни уништуваат, други се обидуваат да разубават. Парковите во Тетово, кои и така се малку на број, често се мета на вандализам. Се уништува зеленилото, клупите и другите реквизити. Група млади тетовци кои се сведоци на ваквиот чин, сакаат да направат градот да биде поубаво место, па преку организирани граѓански акции ги чистат и уредуваат парковите, при што сакаат да упатат порака дека грижата за јавните површини да биде заедничка, како на институциите така и на граѓаните.

Идејата на младите тетовци ја препознале и дел од жителите, кои им се приклучуваат во акцијата.

Изминатиов период Иницијативата „Пубоо“ организираше акции за уредување на зелените површини во две маала во Тетово, а веќе имаат идеја каде би ги продолжиле нивните акции и прават планови за тоа.

 

Данијела Билбилоска