Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Tетово прогласена тридневна жалост

/

пред 1851 дена

Сподели преку :

По вчерашниот пожар во модуларната ковид болница каде загинаа 14 лица, Советот на Општина Тетово денеска прогласи тридневна жалост, информираше градоначалничката Теута Арифи на прес-конференција.

Истовремено, Арифи посочи дека кога ќе се знаат официјалните информации за жртвите, ќе се помогнат нивните семејства со итниот фонд на општината.

„Сакам да ве информирам дека сум во постојан контакт со сите институции кои треба да ја завршат својата работа, и во секој момент кога ќе добијам потврдени официјални информации, нормално дека истите ќе ги споделам со вас. Сакам да се заблагодарам до сите граѓани, сограѓани на нашата држава, до сите наши пријатели и во регионот и подалеку кои се јавија со понуди за помош да помогнат сите на целата оваа ситуација да ја надминеме што побрзо“, рече Арифи.

Истовремено, таа ги повика и институциите што побрзо да ги завршат истрагите за да се дознаат причините за несреќата.