Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредна состојба во Онтарио заради протестите против Ковид рестрикциите кои ја блокираа провинцијата

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Канадската провинција Онтарио прогласи вонредна состојба како одговор на двонеделните протести против рестрикциите воведени заради Ковид пандемијата.

Одлуката доаѓа додека демонстрантите продолжуваат да блокираат делови од Отава и мостот Амбасадор, кој има исклучителна улога за трговијата помеѓу САД и Канада.

Блокирањето на критичната инфраструктура ќе биде прогласено за незаконско според наредбата, изјави Премиерот Даг Форд.

Демонстрантите би можеле да се соочат со казна затвор во траење од една година и со парични казни од 79 000 долари. Според Премиерот Форд, оваа одлука ќе важи за сите луѓе кои ќе го спречуваат слободното движење на стоката, луѓето и услугите на меѓународните гранични премини, аеродромите , пристаништата и најголемите автопати.

Протестите против задолжителното вакцинирање против Ковид-19 влегуваат во својата трета недела. Таканаречениот “Конвој на слободата” беше организиран минатиот месец како одговор на воведувањето на правилото дека сите камионџии кои ја преминуваат границата меѓу САД и Канада мора да бидат вакцинирани или да одат во карантин по нивното враќање во матичната држава.

Протестите потоа ескалираа во поширок протест против сите рестрикции воведени заради пандемијата.