Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лек против корона стигна во Србија, објави Вучиќ на Инстаграм

/

пред 1753 дена

Сподели преку :

Во Србија пристигна лек против коронавирусот, кој го произведува американската компанија „MSD“, објави на Инстаграм српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој вели дека лекот им помага на пациентите во првите пет дена по позитивен тест на ковид-19.

  • Лекот спасува животи, спречува огромен процент на смртни случаи, рече Вучиќ.

Овој лек пред се е наменет за најзагрозените групи – дијабетичари, лица со кардиоваскуларни заболувања, како и лица со прекумерна тежина.

Вучиќ и ги замоли сите лекари во Србија да го користат лекот што пристигнал во земјата.

  • Го купивме во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија. Животот и здравјето на луѓето немаат цена, истакна српскиот претседател Вучиќ.