Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гир: Битола не го гледа сонцето од загадениот воздух

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Идејата во Битола да се отвори „Куќа на Европа“ при денешанта посета ја промовираше евроамбасадорот Дејвид Гир, откако со градоначалникот Тони Коњановски разговараа за масовното иселување од градот.  Во тој простор наменет за младите, тие ќе можат да  разговараат за европските вредности, но и да расцветаа во духот на Европа.

-Младите луѓе се богатството на секоја земја и секој град. Пелагонискиот регион и Битола се соочуваат со  проблемот на  иселување на младите луѓе.  Денеска разговаравме за можноста  за отворање на Куќа на Европа во Општина Битола, простор каде  младите ќе разговараат за вредностите на ЕУ, за европската перспектива и простор каде младите ќе можат да расцветаат, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.

Тој изрази згриженост за големото загадување во Битола, што вели го забележа додека патуваше кон градот.

– Овој   град  не може да го види сонцето затоа што  кога се доаѓа кон Битола од ридот  се гледа жолт и црн  воздух кој покажува голема загаденост. Животната средина е голем проблем за овој град, разговаравме за бројни аспекти како и за фондовите на  ЕУ. Разговаравме и за РЕК Битола и како да се направи правилна транзиција кон зелено производство на електрична енергија, додаде Гир, кој му подари сончева тегла на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како симбол за производство на струја од сонцето, но и симбол на Зелениот договор на ЕУ.

Гир го посети и Офицерскиот  дом во Битола, објект кој неодмана  е целосно реконструиран и реставриран со пари од фондовите на ЕУ.

Емилија Мисирлиевски