Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Град Скопје изрече казна за компанијата „Ројал Травел“ која со комбиња без лиценци превезуваат патници во Скопје, но и организираат викенд тури до Попова Шапка

/

пред 1722 дена

Сподели преку :

По вонреден надзор, инспекторатот на Град Скопје изрече казна за компанијата „Ројал Травел“ и за истата фирма ќе биде поднесена пријава до надлежните институции.

Станува збор за компанијата за која Телма веќе пишуваше дека комбиња без лиценци превзуваат патници од Раше до Бит Пазар а за викенд возат и тури со деца до Попова Шапка.

Градските инспектори извршиле надзор на  три автобуси и две комбиња, при што е утврдено се вршел превоз на патници без притоа да има соодветни лиценци.

„Фирмата” Ројал Травел ДООЕЛ” под која што е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите што беа пласирани во медиумите, станува збор за лица и возила поврзани со “Беса Транс”, на која фирма и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува“, се наведува во соопштението на Град Скопје.