Градежната, прехранбената и трговската комора бараат измени во Законот за недела неработен ден, односно да им се дозволи да работат во недела, со тоа што ќе го платат трудот на работниците.
Аргументите им се дека, со стопирањето на работниот процес, трпат штети. Доколку им се излезе во пресрет, ќе ја повлечат иницијативата пред Уставен суд која Стопанската комора ја поднесе за законот.











