Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните со маски на улиците откако пратениците ги изгласаа законските измени

/

пред 2165 дена

Сподели преку :

Со маски, марами и бандани на лицата граѓаните утрово излегоа на скопските улици откако пратениците вчеравечер ги изгласаа законските измени според кои сега е задолжително да се носи заштитна опрема на лицето за да се спречи натамошното неконтролирано ширење на коронавирусот во Македонија. Вообичаените гужви на автобуските постојки ги немаше, а во јавниот превоз без турканици и со маски на лицата граѓаните се движеа кон своите дестинации. Велат дека мерките ќе ги почитуваат и се надеваат дека ќе ги дадат посакуваните резултати.

Маските остануваат задолжители во сите затворени простории во државните институции, болниците, продавниците и маркетите, банките, поштите и чекалниците. Предвидената казна за непочитување на овој протокол останува иста – 20 евра.

Според законските измени маска не е потребно кога се спортува на отворено, во автомобил кога се превезувате сами или со членови од семејството, во двор од семејна куќа и во кафулињата и рестораните каде се запазени безбедносните протоколи.

Децата до шест години и лицата со посебни потреби не се опфатени со измените во законот и засега за нив не е здолжиетлно носењето на заштитна опрема на отворено.

И групирањето на отворено во вечерните часови е ограничено. Со законските измени е предвидено по 22 часот најмногу четири лица да бидат на исто место без разлика дали станува збор за улица, парк или плоштад.

Инспекторатите пак добија поголеми ингеренции и сега тие ќе може на лице место да затворат објекти кај кои затекнале дека не се почитуваат протоколите и тоа најмногу до 30 дена и да изречат повисоки казни за констатираните прекршоци.

Огнен Чанчаревиќ