Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска остануваат исти цените на горивата

/

пред 1679 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика денеска нема да носи одлука за промена на цените на горивата бидејќи нема предуслови за корекција на цените и тие остануваат исти.

Со тоа, денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 86 и пол денари за литар, еуросупер 98 за 88 и пол денари, а еуродизел за 88 денари за литар.

Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, комисијата може секој ден да носи одлуки за промена на цените, ако пресметката за цената, на било кој нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара. За пресметката, регулаторна го зема просект од претходните пет-дневни котации на светската берза.

Со оглед на тоа дека за викенд, нема тргување на берзата, се разгледува просекот од цената на секој нафтен дериват посебно, што ја имал од понеделникот, заклучно со петокот минатата недела.