Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ останува на функција, не може да биде разрешен за време на избори

/

пред 1844 дена

Сподели преку :

Директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ во наслебата Аеродром, кој беше обвинет за скандалозно однесување кон вработени жени, останува на својата функција. Од општина Аеродром за Телма велат дека тој не може да биде разрешен во време на распишани избори. Директорот Перо Арсеновски е обвинет дека ги малтертирал и сексуално вознемирувал жените вработени во училиштето. Бил пријавен од една од жените, која по три години ја добила пресудата за неговото насилно однесување, а изречени се и мерки за забрана.

Во 2019-та година, од Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права побарале институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот, во интерес на децата, и вработените во најголемото основно училиште во државата. И покрај сите укажувања, директорот сѐ уште е на својата позиција во училиштето, а вработената во текот на оваа година добила отказ.