Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државниот пазарен инспекторат не утврди повисоки цени ниту пак ограничување на количината на нафта и нафтени деривати која може да се купи

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Нафта и нафтени деривати има доволно и нема место за паника, уверуваат државните иснтитуции откако граѓаните побрзаа да полнат бензин и се создадоа долги редиците пред пумпите.

Компанијата Макпетрол соопшти дека во моментов нема ниту потреба ниту има намера да го прекине снабдувањето на бензинските пумпи со гориво.

Државниот пазарен инспекторат ноќеска излезе на терен да ја провери сосотојбата. Ниту цените не се повисоки ниту пак се воведени ограничувања за количината која може да се купи, изјави Алексанрта Котели.

Макамтранс објавува дека кај нив пристигнала поплака од српското здружение на превозници кои се соочиле со проблеми при набавка на гориво за своите товарни моторни возила. Односно на некои бензиски пумпи се дозволува точење на гориво по постојните цени до 100 л, а доколку се полни поголема количина се бара доплата од 4 денари/литар.

Асоцијација Макам-транс ќе испрати соодветна реакција до владата и министерството за економија со цел надминување на настаната ситуација.