Деканот на факултетот за безбедност, Никола Дујовски вели дека трагедијата е резултат на тоа што институциите не си ја врша работата. Не се чуди што автобусот ги поминувал границите бидејќи таму не се бара меѓународна дозвола, но додада дека ситуацијата со домашниот автобуски превоз е уште полоша. Дујовски вели дека легалниот јавен превоз во Македонија е само една третина од вкупниот превоз. Тоа посебно се истакнува низ малите места, каде нелегалниот превоз на патници е толку голем, што оние регистрираните не се ни забележуваат, речиси и не постојат, вели Дујовски.











