Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице е приведено во Софија – објавувал ксенофобични коментари за автобуската несреќа

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Службеници на Генералната дирекција за борба против организиран криминал по добиен сигнал приведоа маж во Софија во врска со тешката сообраќајна несреќа со автобус на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица, а уште 7 се повредени, соопшти бугарското МВР, пренесува ТВ 21.

Лицето на Фејсбук објавил коментари поврзани со инцидентот, кои не се во согласност со моралните и етичките норми.

Материјалите се пријавени во Окружното обвинителство на Софија за кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање на омраза врз основа на националност преку информациски систем.