Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ: Скината цевка е причината за исклучување на Блок 1 од електроенергетската мрежа на државата

/

пред 1810 дена

Сподели преку :

Заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата, информираат од АД ЕСМ.

Оттаму велат дека станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа.

Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Од АД ЕСМ велат дека ги задоволуваат потребите од останатите капацитети, како и со набавената електрична енергија која служи како резерва при вакви куси испади.