Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ воведе ембарго за увоз на јаглен и вотка од Русија

/

пред 1658 дена

Сподели преку :

Членките на Европската Унија синоќа одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка.

Санкциите се однесуваат и на замрзнување на средствата на неколку руски банки, продолжување на забраната за извоз на оружје и други видови извоз во вредност од околу десет милијарди евра.

На одобрувањето на новите санкции им претходеше спор помеѓу членките на ЕУ. Полска беше против поставување рок од четири месеци за запирање на увозот на јаглен, наместо, како што предложи Европската комисија, преоден период од три месеци. Земји како Грција и Малта, освен тоа, се противат на затворање на пристаништата онака како што тоа го дефинира ЕК. Руските бродови не би требало веќе да смеат да влегуваат во пристаништата на ЕУ – со исклучок на транспорт на храна, помош и енергија.