Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За 7 пати е зголемен бројот на реинфекции со ковид во земјава

/

пред 1727 дена

Сподели преку :

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за 3,1 отсто е зголемен бројот на новозаболени во однос на минатата недела, додека пак за 7 пати е зголемен бројот на реинфекции со коронавирусот во земјава.

Намалување има на бројот на починати лица за 32,8 отсто помалку во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните слуачи се во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп и Битола, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид и Кавадарци.

Во однос на возрасните групи најзастапени се лицата на возраст од 30 до 39 години за 27 проценти, по нив следува групата од 20 до 29 години за 23,8 проценти и лицата на возраст од 40 до 49 години со 17,4 проценти.

Во Македонија во моментов има вкупно 10.383 активни случаи.