Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За еден ден поднесени 100 барања за проценка на штети од земјотресот

/

пред 1725 дена

Сподели преку :

100 барања за проценка на  штети  предизвикани од земјотресот  во Битола и битолските села поднесоа битолчани  за само еден ден до Општина Битола.  

Пријавувањето започна вчера, а граѓаните ќе имаат можност да ги пријават штетите во следните две недели, до 26 јануари.

Најмногу оштетувања има  на повисоките катови од зградите, како и во старите градби низ Битола, посебно во централното градско јадро, потоа на некои објекти од јавен карактер, училишта, градинка, зградата на болницата.  

Исто така штети  има и во пограничните села кои се блиску до епицентарот на земјотресите што деновиве го тресат Битолскиот регион.

Денеска после пладне Владина делегација  ќе има средба со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, на која ќе се разговара за настанатите штети од земјотресот.

Надлежните инфомираат дека сите витални установи во градот функционираат непречено, водата за пиење е безбедна, а нема оштетување ниту браната на акумулацијата Стрежево од каде Битола се снабдува со вода

Инаку, по силниот земјотрес на 9 јануари со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер, со епицентар во Грција, на 20 километри од Битола, тлото не престанува да се  тресе.

Вчера после 16  часот беше регистриран уште еден посилен потрес од 4,5 степени, а потоа во текот на ноќта и утрово следеа уште петнаесетина  со помал интензитет.

 

Емилија Мисирлиевски