Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За првпат од пандемијата Австралија ги отвора своите граници

/

пред 1828 дена

Сподели преку :

Австралија од ноември повторно ќе ја отвори меѓуанродната граница, давајќи им ја слободата навакцинираните граѓани да ги посетат своите роднини. Од март 2020 година Австралија воведе најстроги гранични правила на светот – на своите граѓани дури им забрани да ја напуштаат земјата. Оваа политика беше пофалена бидејќи помогна во сузбивање на ковидот, но сепак за последица имаше раздвојување на семејства.

  • Време е на Австралијците да им ги вратиме животите, рече премиерот Скот Морисон.

Луѓето ќе имаат право да патуваат кога стапката на вакцинирани ќе достигне 80%, рече Морисон. Сепак, странците нема да можат веднаш да допатуваат, но се работи на нови протоколи за наскоро да се пречекаат и првите туристи.

Во моментов, луѓето можат да ја напуштат Австралија само за неопходна работа или ако одат во посета на роднина кој е пред смрт. Влез на странци е дозволен, но под одредени услови и ограничени броеви. Поради ова, десетици илјади луѓе останаа во странство.