Доскорешниот владин секретар за комуникации Марјан забрчанец има нова функција – Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.
Ова е одлучено на денешната владина седница. Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.











