Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши двочасовниот видео конференциски самит Бајден – Путин

/

пред 1761 дена

Сподели преку :

Претседателите на Соединетите американски држави и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, зборуваа повеќе од два часа преку видео конференциска врска, во средбата која беше најавувана како исклучително значајна среде растечките тензии меѓу Русија и Украина.

Според изјавата од Белата Куќа, Бајден ја изразил длабоката загриженост на САД и нивните Европски сојузници заради наводното руско трупање на воени сили во близината на Украина и јасно му ставил на знаење на Путин дека Западот ќе реагира со економски санкции и други мерки доколку дојде до воена ескалација.

Според американски разузнавачки информации, Русија би можела да започне воена офанзива во Украина за неколку месеци, со околу 175 000 војници распоредени покрај границата.

Сите овие обвинувања руската страна ги отфрла како најобични лажни вести, но и повеќе пати повторува дека Западот треба да се откаже од можноста Украина да стане членка на НАТО, доколку навистина сака нормализирање на односите со официјален Кремљ.

Зборувајќи пред видео конференцискиот самит, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков оцени дека разговори меѓу двајцата лидери се неопходни, заради растечките проблеми во билатералните односи , кои се повеќе и повеќе ескалираат во акутна криза.