Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запалена старата зграда на парламентот во Австралија

/

пред 1738 дена

Сподели преку :

За време на демонстрациите за суверенитет на домородните Абориџини во Австралија, избувна пожар во старата зграда на парламентот.

Според извештајот на Би-Би-Си, полициски службеници во Австралија објавиле дека старата зграда на парламентот во главниот град Канбера била запалена за време на демонстрациите за суверенитет на Абориџините.

Поради пожарот биле евакуирани вработените во зградата и во инцидентот нема повредени.

Полицијата започнала истрага, додека пожарникарите за кратко време го изгаснале пожарот.

Австралискиот премиер Скот Морисон го осуди насилството.

„Вака не функционира Австралија“, рече Морисон.

Морисон рече дека Австралијците се згрозени од однесувањето што резултирало со палење на симболот на демократијата.

Владини претставници, исто така, го осудија нападот, опишувајќи го палењето на парламентот како „напад врз демократијата“.