Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Зеленски се согласи на преговори со Русија на белоруската граница, не е оптимист, но ќе оди да слушне што сака Русија

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко, се согласил на мировни преговори за прекин на огнот. Делегацииите ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат.

Лукашенко ја презел одговорноста сите авиони, хеликоптери и проектили кои се на негова територија да останат на терен, додека украинската делегација патува, додека траат разговорите и додека се враќаат.

Зеленски претходно одби да ги води преговорите во Белорусија, со објаснување дека не може да се водат мировни разговори на територија од која се пука кон Украина. Попладнево тој рече дека не е голем оптимист, но сепак во понеделник ќе одат да слушнат и да видат што има да каже руската страна.