Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделците задоволни од квалитетот на ајварката, очекуваат поголема класа

/

пред 1848 дена

Сподели преку :

Ајварката зрее по струмичките ниви. Бербата на оваа индустриска култура е во полн ек. Земјоделците велат дека квалитетот годинава е задоволителен. Пиперката немала болести и очекуваат и поголема класа за неа.

Цената на есенските пиперки е според очекувањата на производителите. Последниве неколку години црвената пиперка има солиден пласман, но, се помалку количини се нудат на трговците. Земјоделците велат дека нивите се празни.

Трговците велат дека Македонија се уште извезува на традиционалните пазари, а за освојување нови, ќе треба и промени кај извезувачите.

Во струмичко во просек се садат по две илјади хектари под индустриска пиперка. Но, последниве неколку години оваа бројка е намалена за неколку стотици хектари.

Сузана Мицева