Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници луѓе останаа без струја поради снежната бура во САД и Канада

/

пред 1722 дена

Сподели преку :

145 илјади домаќинства останаа без електрична енергија поради снежната бура која зафати делови од САД и Канада, а речиси 80 милиони луѓе се погодени од хаосот кој настана и во сообраќајот.

Откажани се стотици авионски летови, а сојузните американски држави Џирџија, Вирџинија и Јужна и Северна Каролина веќе прогласија вонредна состојба.

Снегот и студениот ветер предизвикаа поледица на автопатите, а патролните служби јавуваат за десетици сообраќајни несреќи.

Две лица загинаа кога нивниот автомобил излетал од патот и удрил во дрво. Се најавува невреме во источниот дел на САД во следните два дена кое ќе донесе повеќе од 30 сантиметри снег.