Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како до поефикасни министри ?

/

пред 2195 дена

Сподели преку :

Како се станува министер? Со висока партиска позиционираност, експертска умешност, достигнувања во коалициски преговори или непартиска стручност. Ова се четирите начини што ги наведува истражувањето на Меѓународниот републикански институт, по анкетата со 13 сегашни и поранешни министри. За зголемување на ефикасноста во извршувањето на функцијата, се препорачува определување визија, програма и приоритети.

Истражувањето укажува колку е значајно примопредавањето на функцијата заради некаков оперативен континуитет. Министрите треба да креираат политики базирани на анализи и докази и редовно да ги проценуваат ефектите. ИРИ сугерира воведување правна рамка за непосредно ангажирање посебни советници на министрите, централен електронски систем кој ќе ги мери резултатите на извршната власт, а граѓаните ги охрабрува да бараат квалитетни услуги и отчетност, бидејќи институциите се создадени за да одговараат пред нив.

Соња Николовска