Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Касами на билборд го објави долгот кој му го остави Арифи

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

На Зелениот пазар во Тетово ќе ве пречека голем билборд на кој е испишан вкупниот долг на Општината.

Овој потег го најави градoначалникот Биљал Касами, ветувајќи транспарентност за граѓаните.

Граѓаните сметаат дека треба да знаат каде биле потрошени нивните пари и бараат одговорност.

Новата локална самоуправа ќе спроведува ред и на Зелениот пазар. Уште три дена им даде на дивите продавачи да ја отстранат својата стока од јавните површини, во спротивно ќе се соочат со законот и ако сакаат да продаваат тоа треба да го направат на изнајмена тезга во пазарот.

Продавачите се согласуваат со одлуката, но бараат подобри услови и решение за земјоделците коишто доаѓаат само на пазарен ден.

Од понеделник инспекцијата и полицијата ќе вршат постојани контроли. Ваквата акција на Локалната самоуправа доаѓа како резултат на блокирањето на тротоарите, кои го попречуваат слободното движење на граѓаните и поради нелојалната конкуренција.

Данијела Билбилоска