Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коалициските партнери на СДСМ бараат квалитетни кадри во новиот владин кабинет, во спротивно нема да дадат поддршка

/

пред 1738 дена

Сподели преку :

Малите партии кои се дел од коалицијата со СДСМ бараат да бидат вклучени во преговорите за состав на новата Влада. Демократскиот сојуз инсистира во програмата на мандатарот Ковачевски да бидат наведени и нивните барања, формирање на Агенција за борба против корупцијата, ревизија на политички монтираните случаи, измени на Изборниот законик со кој Македонија ќе биде една изборна единица како и прифаќање на предлогот за субвенционирање на вработувањето на една година сите лица кои ќе завршат  високо образовние .За нив е неприфатливо во Владата да има и 10 министри од албанска националност.

ДОМ бара да се формира ново министерство за енергетика и клима.

Од СДСМ велат дека Ковачевски ќе ги информира коалициските партнери за предлозите за новиот владин тим по празниците.

Јулијана Пешевска