Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски: Северна Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво

/

пред 1687 дена

Сподели преку :

Блокадата на почетокот на пристапните преговори на Македонија и Албанија со ЕУ се чувствува низ целиот регион како сериозен удар врз довербата кон Унијата – порача премиерот Ковачевски на Минхенската конференција.

„Поради неодобрувањето на преговарачката рамка, Северна Македонија и Албанија губат драгоцено време. Но, поголемото прашање е што губи Европската Унија во овој случај. Кредибилитетот на ЕУ е ставен под знак прашање. Оваа ситуација го охрабрува и зајакнува интересот на трети страни во регионот. Доколку ЕУ покаже отсуство или слабост на Западен Балкан, тогаш третите страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат таа празнина која е исклучително важна на геостратешки план“, истакнува премиерот.

Затоа, додава тој, ЕУ мора да најде формула како да го одржи зборот и да продолжи со проширувањето на Западен Балкан.