Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски тврди дека темнината во Скопје била последица на технички дефект на еден од далноводите во Пинтија

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

До три и пол часот изутрината работеле техничарите од МЕПСО кога и целосно ги отстраниле проблемите на далноводот кој вчера предизвика пожар поради кој речиси цело Скопје и делови од Овчеполието немаа струја.

Според премиерот Ковачевски, се е резултат на технички дефект што се случи на еден од далноводите во Пинтија кои го напојуваат Скопје.

Таму, изгорел изолатор на високонапонскиот далновод кој почнал да искри и ја запалил сувата трева. Засега нема одговор дали трафостаницата Скопје 4 се изгаси автоматски како заштита или на барање на пожарникарите за да можат безбедно да интервенираат.

Исто така, надлежните се без одговор зошто гореше и далноводот во Бунарџик и дали станува збор за преоптеретување на мрежата, но тврдат дека трафостаницата во Бунарџик не претрпела никакви оштѕетувања и е функционална.