Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковидот повторно зема замав, регистриран Делта плус сој

/

пред 1811 дена

Сподели преку :

Слабото темпо на вакцинација, предизвика ново ширење на корона вирусот во регионот. Властите се принудени да го воведат т.н. зелен сертификат за ковид за сите активности. Бугарите од денеска ќе мора да покажат вакцинален сертификат ако сакаат да влезат во сите затворени јавни места, освен аптеки, банки и продавници за храна. Ширењето на делта сојот ги принуди властите да ги повлечат и учениците од физичка настава. Така од денеска сите ученици од 1 до 12 одделение во Софија, како и областите Видин, Габрово, Ќустендил, Монтана и Перник, се селат на онлајн образование.

Епидемиолошката ситуација во Србија е неверојатно тешка, јавуваат српските медиуми. Болничките капацитети се исполенти до максимум, во болница се речиси седум илјади пациенти од кои над 270 се на респиратор. Од вчера и тука почнаа да се воведуваат ковид пасошите, а се очекува следна мерка да биде и повлекување на децата од училиштата и преминување на онлајн настава.

Во меѓувреме, Русија го регистрираше новиот сој на ковид, кој е подвид на делта сојот и се нарекува делта плус. Претходно беше откриен во Велика Британија, и според научниците истиот е еден од 45 подвидови на делта сојот. Делта плус е позаразен, и сето тоа само ќе ја влоши епидемиолошката слика во земјите.