Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Корона вирусот ја испразни касата на штипската болница

/

пред 2205 дена

Сподели преку :

Коронавирусот удри и врз буџетите на регионалните болници. Половина година не работеа амбулантите, не се правеа хирушки интервенции, па дневниот максимален прилив од околу 140.000 се стопи на само 7.000 денари. Пораснале ставките за набавка на заштитна опрема и на кислород за ковид центрите.

Штипскиот Ковид центар е регионален, ако пред еден месец доминираа пациентите од Штип, сега поголем дел од пациентите се од Пијанечко-Малешевскиот регион. Проблем имаат и со недостиг на лекари во овој центар, еден од инфектолозите од Штип е на боледување, а лекарката од Струмица си ја бара матичната болница, бидејќи таму деновиве бројките на заразени се загрижувачки. Во меѓувреме се чека на поставување на монтажната болница, која треба да има капацитет за 42 пациенти.

Министерството за здравство ги чека средства од Светска банка.  Од овој кредит треба да се плати поставувањето на монтажните модули. Пред неколку дена, Владата најави дека го одобрила новото задолжување од 90 милиони евра кај Светска банка.

Викторија Јованова