Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Котлар ветува формирање на Центар за ментално здравје со дневен центар за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром

/

пред 1808 дена

Сподели преку :

За првпат во Центар ќе формираме центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром и друго, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.

Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негователи. Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството. Ќе изградиме четири нови градинки со опфат од околу 600-тини деца и тоа во Пролет, Маџир маало, Дебар маало и Капиштец. Ќе организираме и зелено училиште за учење во природа. Се грижиме за најмладите! За Центар со душа, вели Котлар.