Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочанското поле и вечерва е во пламен

/

пред 1688 дена

Сподели преку :

Кочанско поле и вечерва е во пламен. Пожарникарите попладнево гаснеле стрништа, а огнот се доближил и на неколку метри од оранжериите во Подлог и на приватна фирма во село Прибачево.

Командирот, Благој Паунов вели дека веќе не го бројот на интервенции туку само опожарените хектари, за два дена изгореле над 30 хектари.

Досега поради брзите интервенции немаат посериозна опасност за објекти. Од голема помош им се доброволните пожарникари.

Апелите да не се палат стрништата по жетвата на оризот никој не ги слуша, еко активистите велат решенија има, но недостига институционална волја да се спроведат.

Пред четири дена во опасност беше и пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, која произведува метан.

Викторија Димитрова Јованова