Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажни вести за корона – вирусот се шират низ социјалните мрежи и меѓу струмичани

/

пред 2261 дена

Сподели преку :

Членови на семејство на пациент починат од корона – вирус во струмичко на социјалните мрежи убедуваат дека 66 годишниот маж којшто пред неколку денови  почина како последица на КОВИД 19 имал тешки заболувања и тие, а не вирусот бие причина за смртта.

„Му рекле на братучед ми од болницата дека ќе треба да плати 500 евра ако не дозволи да напишат дека е починат од корона“.

 „Вујко ми е, почина од рак а не од корона“, пишува во некои од коментарите, што ги вознемирија струмичани.

Вакви изјави од блиски на пациенти, но и слични шпекулации со денови се шират помеѓу корисниците на социјалните мрежи, поради што реагираа и од струмичката општа болница. Началничката на инфективно одделение и директорот на болницата велат дека опасно е да се шират такви дезинформации бидејќи можат да го загрозат јавното здравје и да доведат до ширење на вирусот.

Во струмичко има дваесетина активни случаи на КОВИД – 19. На инфективното одделение изминатите неколку недели постојано има хоспитализирано од 3 до 5  пациенти позитивни на корона – вирусот.

 

Сузана Мицева