Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кире Лазаров го пропушта Европското првенство, поради повреда ќе мирува три недели

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А, соопшти на Фејсбук Ракометната федерација на Македонија.
„Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели“, стои во објавата.
РФМ соопштува дека Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч.