Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лансиран најголемиот вселенски телескоп

/

пред 1743 дена

Сподели преку :

НАСА лансираше телескоп вреден девет милијарди долари од северниот дел на јужноамериканскиот брег, кој отсега ќе овозможи најдлабок увид во вселената, што ќе го означи почетокот на новата ера на астрономски истражувања.

Моќниот телескоп Џејмс Веб, кој користи инфрацрвена светлина, ќе биде најважната вселенска научна лабораторија во следната деценија, според НАСА.

Доколку се оди според планот, инструментот тежок 6 тони ќе биде изваден од ракетата по 26-минутен лет во вселената.  Телескопот потоа ќе се пресели во својата соларна орбита на околу 1,6 милиони километри од Земјата во следниот месец.

Неговата орбита околу Сонцето постојано ќе биде усогласена со Земјата, така што апаратот и нашата планета ќе се движат во тандем.

Претходникот на овој уред, вселенскиот телескоп Хабл, орбитира околу Земјата на надморска височина од 550 километри и влегува во сенката на планетата и излегува од неа на секои 90 минути.