Листа од десет барања доставија денеска до Владата кочанските оризопроизводителите и синдикатот на земјоделци денеска. Очекуваат целосна исплата на субвенциите до крајот на месецов и да не се замрзнува цената на оризот. Бараат и корекција на владината одлука за средствата од Ковид програмата, но и бришење на каматите за заостанати придонеси, ослободување од закуп за државно земјиште за 2021 и зголемување на контролата на квалитетот на вештачките ѓубрива и препаратите, но и слободен увоз за регистрираните земјоделци согласно површините со кои располагаат. Едно од барањата е и формирање на Национален совет за земјоделство, во кој ќе членуваат земјоделци од сите региони во државата. Ако не им се исполнат барањата се закануваат со протести.











