Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маричиќ: Ниедно спорно име нема да се најде на листите за помилување

/

пред 1749 дена

Сподели преку :

Министерот за правда не дава никакви помилувања, ниедно спорно име нема да се најде на листите, вели министерот Бојан Маричиќ во врска со објавите околу листите за помилување што Министерството за правда ги испраќа до претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Министерот за правда не дава никакви помилувања. Ова се специфични помилувања по повод Нова година и листите за делумно скратување на казната ја прават директорите на затворот и се проследува на разгледување. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог листите се од затворите а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, вели министерот за правда Бојан Маричиќ за Утрински брифинг.

Вели дека оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност.

– Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза затоа што станува збор за луѓе што се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците, истакна Маричиќ.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу, во објава на Фејсбук се оградува од списокот за помилувања на осуденици потпишан од министерот Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.

-Предлозите на Управите на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела ги вознемируваа граѓаните и ги разнишаа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од ресорот за правда, напиша Нухиу.

На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица.