Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мексико му нуди политички азил на основачот на Викиликс Асанж

/

пред 1734 дена

Сподели преку :

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор објави дека сакаат да му дадат политички азил на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, кого САД го обвинија за шпионажа.

Посочувајќи дека Асанж не претставува никаква опасност за Мексико, Обрадор изјави дека понудата за политички азил ја дале заради братство и солидарност.

Претседателот Обрадор, исто така, ги повика САД, кои сакаат да го гонат Асанж под обвинение за шпионажа, да „дејствуваат хумано и солидарно“, наведувајќи дека претходно напишал писмо до администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, барајќи од нив помилување за Асанж, но не добил одговор.

САД го обвинуваат 50-годишниот Асанж за „заговор за добивање информации за националната одбрана“ и „заговор за откривање“ откако тој објави стотици илјади протечени документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

Асанж, кој се засолни најпрвин во Еквадор, а потоа во Англија поради поднесените тужби, иако не е осуден за никакво кривично дело поради американските обвинувања и барањето за екстрадиција  од 2019 година е задржан во затворот Белмарш со висока безбедност во Лондон.

Се наведува дека Асанж може да добие најмалку 165 години затвор доколку биде примен во САД.