Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меркел до Заев и Борисов: Мора да се согласувате, не го заборавајте тоа

/

пред 2153 дена

Сподели преку :

Премиерот Зоран Заев порача на прес конференцијата по самитот во Софија дека го искористиле Берлинскиот процес за да постигнат договор за патување  со лична карта низ регионот, за договарање  зелени коридори, соработка во одговорот на пандемијата и други иницијативи.

Премиерот Бојко Борисов  им се заблагодари на земјите од Западниот Балкан што уште сега мислат на зелената економија и што делуваат европски и договараат заеднички регионален пазар.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека овој самит е тежок, но покажале дека може да се организира и во вакви услови. Ова ќе даде импулс како за народите во регионот така и за компаниите, рече Меркел поздравувајќи ја согласноста околу зелената агенда, т.е. економија без јаглен двооксид и одлуката да се формира регионален пазар.

-Берлинскиот процес секогаш е поврзан со помирувањето на недоразбирањата и наследствата од минатото и се надеваме дека и овој процес ќе помогне. Она што мора да го кажам е дека мора да се согласувате. Не заборавајте го тоа, затоа што е многу важно, порача Меркел на крајот.