Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата, но бара доследно почитување на Колективниот договор

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека ВМРО-ДПМНЕ во парламентот едногласно ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.“ – напиша Мицкоски на Фејсбук.