Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски под услови ќе седне да разговара со Ковачевски

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски чека официјална покана од мандатарот и иден премиер Димитар Ковачевски за средба, велат од ВМРО-ДПМНЕ .

Доколу добие покана Мицкоски ќе прифати да се сретне со Ковачевски под услови  на неа да се разговара за предвремени избори и за содржината на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија. Од партијата велат дека за покана за средба на Ковачевски со Мицкоски дознале од медиумите и оти сè уште не добиле официјална покана.

Ковачевски вчера во Топ Тема на Телма изјави дека по изборот на новата влада ќе упати покана до Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните.