Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР: На барање на Подгорица откажана посетата на министерот Радуловиќ на Скопје

/

пред 1711 дена

Сподели преку :

На иницијатива на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, беше договорено посета на шефот на црногорската дипломатија Ѓорге Радуловиќ на Скопје, која првично требаше да се реализира утре. Подоцна, иницијативата од нивна страна беше повлечена, а реализацијата на посетата е оставена за друг термин што дополнително подоцна ќе се договори.

Дел од македонските медиуми денеска јавија дека црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ „ја прекинал посетата“ на Радуловиќ на Северна Македонија, бидејќи, како што наведуваат, министерот застанал на страната на коалициски партнер кој повеќе не ја поддржува неговата Влада.

Шефот на црногорската дипломатија требало да се сретне со македонскиот државен врв во Скопје, но сите средби се откажани и тој, како што наведуваат дел од медиумите, „морал да се врати од Скопје во Подгорица“. Медиумите јавуваат и дека Радуловиќ им се извинил на домаќините и ја оценил одлуката на премиерот како „лична, непримерна и непрофесионална“.