Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР не планира да испрати нов генерален конзул во Њујорк

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

По информацијата дека дваесет и осумгодишната телевизиска презентерката Бесмира Ејупи е предлогот на МНР и на Владата за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк, МНР испрати соопштение во кое се вели дека во моментов функцијата Генерален конзул во Њујорк ја извршува Јордан Панев и не се предвидува негова замена.

„Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.“ – се вели во соопштението испратено од МНР до медиумите.

Но, оттаму ниту потврдуваат ниту демнатираат дали Ејупи ќе биде Генерален конзул во некое од македонските конзуларни претставништва во САД.

Законот за надворешни работи предвидува доколку лицето кое се избира да биде упатено како генерален козул, а не доаѓа од редовите на професионалните дипломати, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.

Освен тоа законот пак пропишува за генерален конзул да биде упатено лице кое е државјанин на Македонија и има високо образование.

Од другите квалификации кои се потребни се бара и меѓународно признат сертификат за познавање на англиски  јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, како и втор странски јазик различен од англискиот кој треба да биде еден од официјалните јазици на ОН или на ЕУ, на ниво еквивалентно на нивото Б1 на ЦЕФР.