Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Највисок дневен биланс на заболени е забележан и во Франција

/

пред 1745 дена

Сподели преку :

Според податоците на француската Агенција за јавно здравје, во последните 24 часа низ земјата се регистрирани 91 илјади 608 случаи на Ковид-19, а починале 179 лица.

Во болниците во моментов се лекуваат 16 илјади 60 лица, од кои 3 илјади 208 се на интензивна нега.

Од друга страна, министерот за здравство Оливер Веран изјави дека најновите податоци за Ковид-19 не се добри и посочи дека бројот на позитивни случаи на ден е „најлошиот“ податок забележан од почетокот на епидемијата.

Министерот Веран подвлече дека, како и во многу земји, со трета доза вакцина ќе се заштитат од бранот на варијантата Омикрон во Франција.