Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не се смирува гневот на жените во Полска по одлуката дека немаат право на абортус

/

пред 2163 дена

Сподели преку :

Осми ден траат масовните протести во 400-тини градови низ Полска против одлуката на Уставниот суд дека секаков вид на прекин на бременоста е нелегален. И покрај строгите правила кои ги ограничуваат собирањата на помалку од пет луѓе за време на пандемијата, илјадници демонстранти, се излезени на улиците. Носат црни чадори, кои се симбол на протестите за правото на абортус и бројни транспаренти на кои пишува „И Господ е жена“.

Државниот обвинител се закани дека ќе поднесе кривична пријава против организаторите за педизвикување на епидемиолошка закана, за што следува казна затвор и до осум години. но, ништо не ги спречува жените да ги продолжат протестите.  Уставниот суд ја донесе одлуката на 22-ри месецов, и со неа се забранува секаков вид абортус, дури и да е жената силувана, жртва на инцест, или пак да носи плод со тешки оштетувања – три права кои до сега им беа дозволени на жените. За да го смири гневот на жените, претседателот Анджеј Дуда вчера поднесе предлог закон според кој, би бил дозволен абортусот во случај животот на мајката да е загрозен. Сепак протестите продолжуваат и стануваат се помасовни.