Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Невакцинираните лица во Канада се соочуваат со откази или принуден одмор

/

пред 1797 дена

Сподели преку :

Работодавците во Канада делат откази или ги праќаат на неплатен одмор работниците кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19.

Авиокомпаниите Ер канада и Вестџет, во кои над 90 отсто од персоналот е вакциниран суспендираа стотина работници кои не се вакцинирани.

Агенциите за сообраќај од Торонто испратиле стотици вработени на неплатено отсуство и го намалиле обемот на некои услуги.

Најголемата болница во Отава, во која над 99 проценти од вработените се вакцинирани, испратила 186 луѓе на неплатен одмор поради тоа што одбиле да се вакцинираат.

Задолжителната вакцинација беше централен дел од кампањата за реизбор на кандаскиот премиер Џастин Трудо во септември.

Во канада се вакцинирани 83 проценти од граѓаните постари од 12 години.