Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема единство во Советот за безбедност на ОН за Авганистан

/

пред 1860 дена

Сподели преку :

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која ги повикува талибанците да овозможат безбеден премин за сите кои сакаат да го напуштат Авганистан. Но, за резолуцијата гласаа 13 од 15-те земји членки. Кина и Русија беа воздржани, а Москва предложи меѓународна конференција за обнова на Авганистан и го повика Вашингтон да ги одблокира резервите во Централната банка во Авганистан.

Текстот на резолуцијата е подготвена од САД, Франција и Велика Британија. Во текстот не се споменува предлогот за формирање безбедна зона во Кабул, за што зборуваше францускиот претседател Емануел Макрон. Тој неодамна рече дека таквата зона ќе овозможи продолжување на хуманитарните операции во Авганистан.

Неименуван дипломат во ОН рече дека резолуцијата „не е оперативна, туку се однесува на принципите, клучните политички пораки и предупредувања“.

Денеска, пак во Брисел, министрите за внатрешни работи на ЕУ треба да усвојат соопштение во кое ќе порачаат дека одлучно ќе ја спречат неконтролираната миграција која ќе следи од Авганистан. Предлогот кој го дава Франција, а е во договор со Велика Британија и Германија е да се воспостават безбедни зони на аеродромите каде луѓето ќе можат да дојдат, а да бидат заштитени.