Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од вечерва фајронт во кафаните во 23 часот

/

пред 2173 дена

Сподели преку :

Скопје 21 октомври – тече осмиот месец откако Македонија живее во ковид пандемија. Редици пред банките , пазарчињата пред пекарите. Меѓутоа , граѓаните еден позади друг чекаа ред за да влезат. Внатре редар , кој им ги дезинфицира рацете па еден по еден ги пушташе да влезат. А , мерката за носење маска на отворено иако сега за сега е само препорака од здравствените власти , стотиците новозаразени секој ден ги уплашија граѓаните, па голем дел од нив сепак носат заштитна маска и надвор. Дури и оние кои движеа сами на улица. Оние кои зборуваа пред нашата камера велат дека со маска се чувствуваат посигурно.

Автобусите ќе почнат да возат со преполовен капацитет, а како што најавија надлежните ќе се врати и стариот возен ред за да се избегнат турканиците и гужвите.

А фајронтот во кафулињата, кафеаните, рестораните ќе мораат да стават клуч  ќе биде во 23 часот.  Овие мерки ќе стапат на сила денеска веднаш штом владината одлука излезе и во службен весник .

Кафеаните и рестораните во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави. Инспекторите сега чекаат законски измени , а откако ќе добијат одврзани раце, ќе може да бидат затворени на 30 дена и на газдите да им се изрече парична казна на лице место.

Теодора Цветковска