Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од полноќ поевтинува дизелот, бензините остануваат со иста цена

/

пред 1678 дена

Сподели преку :

Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар. Цените на бензините остануваат исти што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,299 ден/кг.

Со ова, се врши намалување на намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката донесена на 14 март.